Изложба на Владимир Георгиевски во Центарот за култура во Куманово

На 19 септември во 19.00 часот во Центарот за култура во Куманово, ќе бидат изложени делата на еден од најголемите наши уметници, македонскиот сликар Владимир Георгиевски.

По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Дипломирал во 1968 година. Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје.Неговите сценографски и костимографски решенија биле дел од многубројните театарски претстави и неколку домашни играни филмови.

Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколкупати е наградуван и за неговата работа во театар.

Самостојни излагања имал во Скопје, Софија, Белград Истанбул, Виена, Рим, Киев, и Санкт Петербург.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни