На 8 април (среда) во 12:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура во Битола, ќе се одржи отварањето на изложбата „Тешкотиите ќе исчезнат, но доброто дело ќе остане – Македонската ‘робинзонијада’ на семејството бегалци Малахови“.
Настанот е во организација на НУ Центар за култура – Битола и Друштвото за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“- Скопје, а автори на изложбата и каталогот се д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила, Љубица Велкова и Јасминка Намичева.
Изложбата преку документи, фотографии и реконструирани биографии ја претставува животната приказна на семејството Малахови – руски бегалци кои во 1930-тите години се населиле во Поречје, Македонија, каде започнале своја „робинзонијада“ во дивината, оставајќи значајна трага во научниот, културниот и општествениот развој на земјата.