Изложба на стрипови – „Кое е твоето чудо?!“

Овој конкурс е дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“, кој преку уметноста ја истражува борбата за родова еднаквост и рушењето на стереотипите

На 18 октомври во 11:00 часот во Центар Јадро, Скопје, ќе биде отворена Изложба на стрипови – „Кое е твоето чудо?!“

Се работи за деветнаесет стрип дела кои учествуваат на конкурсот „Кон родовата еднаквост преку уметност“ на тема „Кое е твоето чудо?!“.

Настанот ќе биде одбележан со доделување на 3 најдобри награди, кои ќе ги врачи британскиот амбасадор во Република Северна Македонија.

Овој конкурс е дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“, кој преку уметноста ја истражува борбата за родова еднаквост и рушењето на стереотипите.

Доаѓаат нови перспективи, нови приказни и инспиративни дела кои ќе бидат претставени на овој уникатен настан.

Проектот го спроведуваат Национален младински совет на Македонија и Мрежа Стела, а е финансиски поддржан од Британската амбасада во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни