Изложба на рачните изработки на жените од семејството Ѓошевски од с. Агино во Музеј на Македонија

Поради тоа во изложбата е представена женската рачна работа во континуитет од ткаењето на разбој до плетивата со игла и конец

Денес во Музејот на Македонија со почеток од 19 часот ќе се отвори излжбата „Женската рачна работка во семејството Ѓошевски од с.Агино село” на кустос Наде Костадиновска-Спасеновска.

Жените се создавателки на нашата култура и чуварки на вековната наша традиција. Поради тоа во изложбата е представена женската рачна работа во континуитет од ткаењето на разбој до плетивата со игла и конец.

Во изложбата се претставени рачните изработки на жените од семејството Ѓошевски од с. Агино Село, кои се земени како пример за вредните раце на сите жени. Изложбата е амбиентална па можете да направите и убави фотографии седејќи покрај масите во едно друго време.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни