Изложба на плакати од конкурсот „100 Илјади поети за промена“ ќе биде отворена вечерва во 21 часот во барот „Нагоре“ во Струмица. Изложбата е дел од #ЅидНаУметноста, а ја организира здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“, во соработка со бар „Нагоре“.
Ќе бидат претставени 12 дизајни од исто толку автори, а по изложбата ќе следува диџеј сет на локалниот техно диџеј во подем Null!