Изложба на отворено – “Биодиверзитетот во Дојранското Езеро”

Изложбата на отворено “Биодиверзитетот во Дојранското Езеро”, ќе се одржи во понеделник на 10- ти јуни во 12 часот на кеј шеталиштето во Дојран. 

„Дојранското Езеро и околината е значајно место за птици, особено за птиците преселници. За нив, езерото е попатна станица за оддишка, а можеби и крајна дестинација. Тие тука престојуваат, се хранат, се размножуваат, се гнездат, се одмораат и презимуваат. Трската и крајбрежната вегетација нудат идеални услови за формирање гнездо и криење од предатори. Релативно слабата урбанизација на брегот и околината им овозможува мирно и безбедно засолниште. Популацијата на птици е особено голема во текот на зимските месеци, кога птиците од посеверните краеви тука наоѓаат поволни климатски услови за презимување. Набљудувањето птици е процес на проучување на птиците и на нивната екологија преку набљудување на нивниот живот со двоглед и слушање на нивните песни. Некои видови се препознаваат визуелно, додека други се препознаваат според нивните звуци“ велат организаторите на изложбата и на акцијата.

Сето ова и повеќе посетителите ќе го дознаат на изложбата во понделник.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни