Изложба на Кирил Гегоски во КИЦ Тирана

Ѕидовите на КИЦ на Македонија во Тирана ги краси дел од 50 – годишното творештвото на Кирил Гегоски, а изложбата ќе трае до 10 октомври

На 25-ти септември во македонскиот Културно информативен центар во Тирана со одржа отворањето на изложбата на големиот македонски сликар Кирил Гегоски.

Оваа изложба се реализира во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија, под кураторство на Горанчо Ѓоргиевски и е поддржана од Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија.

На свеченото отварање зборуваа ВД Амбасадорот на Република Северна Македонија во Албанија г-динот Љуфтим Спахиу и директорката на КИЦ Тирана Ема Попивода. На изложбата присуствуваа и  директорот на Националната галерија г-динот Али Синани, програмскиот координатор Маја Крстевска, како и други вработени во галеријата.

Ѕидовите на КИЦ на Македонија во Тирана ги краси дел од 50 – годишното творештвото на Кирил Гегоски, кое како што кажа и самиот автор, со својата убавина имаат за цел да ја пренесат радоста со која ги создавал своите дела – до посетителите.

Културните настани значајно придонесуваат за афирмација на  нашата култура и уметност, поттикнуваат меѓународна размена и соработка и го зајакнуваат нашиот идентитет. Бројната посетеност на настанот сведочи за успешното претставување на нашиот културен центар, но и за значајното културно – уметничко богатство на нашата земја, кое е препознаено и надвор од нашите граници.

Изложбата ќе биде отворена до 10-ти октомври, 2025 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни