Изложба на инсекти преку уметнички фотографии на Ентомо-Фото-Фест

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 05 септември 2024 до 19 септември 2024 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово организира изложба на уметничка фотографија Ентомо-Фото-Фест.

На изложбата ќе бидат изложени 30 колор макро фотографии на професионалниот фотограф Џеки Панхујзен од Белгија.

Темата на изложбата е чудесниот свет на инсектите. Нивниот биодиверзитет, меѓусебните интеракции, интеракциите со растенијата, животните и човекот. Влијанието и значењето на инсектите во природата но и за човекот.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2024 година, а истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.

Изложбата ќе биде отворена на 5 септември 2024 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Најново

Последни колумни