Изложба на големите јапонски мајстори за дрворези – „Јапонскиот лебдечки свет“ во КИЦ Скопје

На 28ми јуни во „Културно информативниот центар – Скопје (КИЦ)“ во 19 часот, Амбасадата на Јапонија ја најавува изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези кои го отсликуваат јапонскиот лебдечки свет УКИЈО-Е од XVII и XVIII век – „Јапонскиот лебдечки свет“.  

Изложбата ќе ја отворат г. Оцука Казуја, амбасадор на Јапонија, Антонио Димитров, директор на КИЦ, г-а Маја Стефкова од „AOTS- Македонија“ како и кураторот на изложбата Јасмина Намичева.

По повод 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу двете земји, изложбата патуваше со 30 УКИЈО-Е реплики во Велес, Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Богданци за конечно да се врати во Скопје со поддршката на Културно информативниот центар – Скопје.

УКИЈО-Е репликите се донација од Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка за Музеј на Град Скопје и патуваат благодарение на г. Горан Антевски, „Раде Кончар ТЕП“ и „AOTS- Македонија“ на инцијатива на г-а Јасмина Намичева и Амбасадата на Јапонија. За време на изложбите во сите градови „МузеумЛинк“ и „Архифакт“ организираа ликовни работилници за ученици.

Изложбата во Скопје ќе биде достапна до 5ти јули.

Најново

Последни колумни