„Потонато културно-историско богатство“ е насловот на изложбата на подводна фотографија која утревечер во 19 часот ќе биде отворена пред платото на хотелот „Палас“ во Охрид.
„Запознајте се со подводните културни и историски добра во Охридското Езеро за да ја афирмираме подводната археологија и да промовираме поинакви подводни знаменитости во Охридското Езеро“ – велат организаторите.
Изложбата се отвора како дел од социјално-едукативната програма во рамките на Ohrid Water Festival, а ја организира нуркачкиот клуб „Акватек“ од Охрид.