Во Галерија Рудиќ утре, 9 октомври, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии на Иво Борко, насловена „Во фокусот“.
Иво Борко е роден 1955 во Херцеговшчак кај Горња Радгона, Словенија, доктор е по ветеринарна медицина и издавач.
Фотографиите ги изложува од 1995 година, а оттогаш учествувал на над 600 изложби во земјата и странство, каде што има добиено повеќе од 350 награди и признанија.
Имал 41 самостојна изложба. Носител е на звање Мајстор на фотографија на Фотографската асоцијација на Словенија (MF FZS), а 2019 година има добиено највисока титулата на Светската асоцијација за фотографска уметност (FIAP) Exellence FIAP/дијамант 3 (EFIAP/d3).
Изложбата „Во фокусот “ на авторот Иво Борко претставува спој на фотографија и филозофија, каде што секоја слика е повеќе од само визуелен приказ – таа е прозорец кон внатрешниот свет на човекот и неговите интеракции со уметноста.
Изложба е подпомогната од Министерство за култура на Република Словенија и Амбасада на Република Словенија.