Изложба на фотографии: „Импровизации на Глигор Кондовски”

На 2 ноември, 2023 година, во 20:00 часот, во КСП – ЈАДРО, во Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на фотографии на Глигор Кондовски под наслов „Импровизации на Глигор Кондовски”.

Глигор Кондовски (1980) е мултимедијален уметник и ова негова петта самостојна изложба на фотографии, а четврта по ред со поддршка од Министерсто за култура на Р. С. Македонија. На отворањето ќе настапува џез триото:

Глигор Кондовски – виолина, Владан Дробицки – тромбон, Дени Омерагиќ – контрабас.

Изложбата ќе ја отвори Мирко Попов, музичар.

Глигор Кондовски има сериозно аудиовизуелно искуство зад себе, создадено со работа во областите на музиката, фотографијата и филмот. Инспирацијата и креацијата се дел од неговото секојдневие. Неговото творештво е мултимедијално и со секој збор, слика, тон или филмски кадар трага по индивидуалната слобода. Зад себе веќе има сериозен аудиовизуелен багаж, кој во последно време сѐ почесто го претставува пред културната јавност. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни