Мала станица, Скопје

Изложба на фотогафии „Украина: Воено злосторство“

На 12 ти јуни во 19 часот во галеријата Мала станица, Скопје ќе се отвори изложбата на фотогафии „Украина: Воено злосторство“ која ја следи работата на 93 фоторепортери од целиот свет, кои нудат трогателен доказ за тековната борба.

Изложбата е изведена од истоимената книга објавена од FotoEvidence со над 360 фотографии и сведочења, кои фрлаат светло на руската инвазија. Овие храбри фоторепортери ги ризикуваат своите животи за да ги доловат ужасите на војната, обезбедувајќи редок увид во човечката цена на конфликтот. (линк до книгата: https://tinyurl.com/5adc9sej)

Оваа изложба, претставена од FotoEvidence и поддржана од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, не е само одраз на настаните од минатото, туку и светилник на надеж за дијалог, емпатија и поддршка за стремежот на Украина за правда и исцелување. 

Изложбата ќе биде отворена за јавност од 13 до 26 јуни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни