Изложба на деветнаесет стрипови во конкуренција за награди на конкурсот „Кое е твоето чудо?!“

На конкурсот „Кон родовата еднаквост преку уметност“ на тема „Кое е твоето чудо?!“, организиран од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Стела, пристигна значителен број стрипови кои се во трка за престижните награди.

Изложба на пристигнатите дела ќе се одржи на 18 октомври 2024 година, со почеток во 11:00 часот, во Центар Јадро. Во рамки на изложбата, ќе бидат прогласени победниците и ќе се доделат сертификати и дипломи на сите учесници. Наградите ќе ги додели Британскиот амбасадор во Скопје, Н.Е Метју Лосон.

Ви ги претставуваме апликат(к)ите со по една табла од нивните стрип дела.

01           Сара Ангеловска [2 табли]

02           Менче Здравкова [8 табли]

03           Славица Панева [2 табли]

04           Ивана Лазаревска [1 табла]

05           Елена Здравковски [6 табли]

06           Јана Марковиќ [1 табла]

07           Магдалена Марјановиќ [8 табли]

08           Аника Божиновска [3 табли]

09           Душица Димитровска [6 табли]

10           Марија Стојановска [8 табли]

11           Тамара Гашева [6 табли]

12           Ана Куновска [3 табли]

13           Теодора Куновска [3 табли]

14           Гаја Смилевска [3 табли]

15           Ангела Петрушевска [1 табли]

16           Лили Ана [8 табли]

17           Иван Коминовски [3 табли]

18           Антонела Митева [7 табли]

19           Габриела Лозаноска [40 табли]

Овој конкурс има за цел да опфати различни аспекти од борбата за родовата еднаквост. Уметничките дела треба да поттикнат теми кои ќе придонесат кон подобро општество, ќе ги разбијат стереотипите и ќе внесат позитивни промени. Било преку лични приказни, општествени размислувања или имагинативни наративи, ги охрабруваме стрип-автор(к)ите да се нурнат длабоко во темата и да ги изразат своите уникатни перспективи.

Наградниот фонд изнесува 85.000 денари.

Жири комисијата е во следниот состав: Два члена од тимот на НМСМ и Стела: Оливер Андреевски и Теодора Милеска, потоа Mike Mclester кој што е Британски професор по англиски и цртач на стрипови, и на крај Нада Прља која е професионална уметница од 1998 година и универзитетска предавачка од областа на уметноста.

Конкурсот е дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“ спроведен од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежата Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје, носи свежа енергија во борбата за родова еднаквост. Со цел да ги отстрани пречките и стереотипите, овој проект ги отвора вратите за девојчињата и младите жени кон нови предизвици и успеси. Линк до настанот

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни