Изложба на дела создадени на работилниците на фестивалот „Зрно 2025“

Фотографиите претставуваат спој на експеримент, занает и современ авторски израз – сведоштво за живата енергија на аналогната сцена во регионот.

Утре во 20 часот во Културно Информативниот црнтар Скопје ќе се отвори изложба на дела создадени на работилниците на фестивалот „Зрно 2025“, каде учесниците работеа со различни благородни фотографски процеси – цијанотипија, Van Dyke Brown, мокар колодиум, фотограм, лумен принт, напредна црно бела фотографија, фоџо, гумотипија…

Фотографиите претставуваат спој на експеримент, занает и современ авторски израз – сведоштво за живата енергија на аналогната сцена во регионот.

Мал дел од изложбата е посветен и на оживувањето на оригиналните негативи на браќата Манаки, реализирано во соработка со Државниот архив на Македонија – одделение Битола, како омаж на пионерите на фотографијата на овие простори.

Посетете ја изложбата и откријте како минатото и современоста се спојуваат преку светлина, хартија и хемија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни