Од 20 до 31 декември во ликовната галерија во Прилеп, ќе биде отворена изложбата на големиот акварелист Илија Миноски.
На изложбата посетителите ќа имаат можност да видат 40 дела – дел од нив досега воопшто досега не се презентирани во јавноста.
Делата на Илија Миноски (1936 – 2020), еден од најплодните акварелисти во земјата, без оглед во кој период беа создавани, зрачеа со позитивност, уникатност. Имаше редок талент. И кога би творел во некоја друга средина би бил многу познат автор.
По завршување на основното образование, Миноски одлучува да продолжи да се надоградува во Училиштето за примената уметност во Скопје, а во 1978 година дипломирал на Педагошката академија во Скопје на одделот за сликарство во класата на проф. Б. Лазески, Д. Кондоски, Д. Тодороски, и Д. Пандилов.
Од 1962 година па се до крајот на својот живот, до 2020 г., беше член на ДЛУМ.