Национална Галерија Чифте Амам

Изложба на бугарска уметница Надја Розева

Во Националната Галерија Чифте Амам, во Старата скопска чаршија, е поставена изложбата на истакнатата бугарска уметница Надја Розева.

Изложбата, според организаторите е прва од ваков вид во нашата земја и има за цел да го насочи вниманието на јавноста кон овој жанр на уметничка дисциплина.

Во текот на времетраењето на изложбата, Розева ќе има презентација и предавање за жанрот на уметничкиот медал, како и работилница со студенти од различни универзитети.

„Делата на Надја Розева се откупени за постојаните збирки на ‘Британскиот музеј’ во Лондон, ‘Кралскиот кабинет за монети’, Стокхолм, Шведска, музејот ‘Берген’ на Универзитетот во Берген, Норвешка, ‘Националната уметничка галерија’, Софија, Бугарија, ‘Музејот на монети и Медали’ во Кремница, Словачка итн. За време на првиот Ковид карантин, Розева напиша сценарио и го продуцираше краткиот документарен филм ‘Медалот’, кој исто така ќе биде прикажан на изложбата. Филмот има за цел да ја запознае јавноста со уметноста на медалот, што е нејзина мисија во изминатите 20 години.“- велат организаторите. 

Изложбата ќе трае до 7 мај 2024 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни