Изложба и уметничка средба со Дарко Алексовски — „Никогаш незаљубен“

Францускиот институт во Скопје со задоволство ја организира изложбата и уметничка средба со Дарко Алексовски — насловена како „Никогаш незаљубен“.
Изложбата , составена од две поврзани дела: „Љубовни писма до осаменоста” и „Бранови”, е исповед во формат на писма и просторна инсталација на морски пејзаж, и отсликува размисла за љубовта, сеќавањето и променливоста на меѓучовечките врски. Кураторка: Мелоди Робин

….Писмата ги содржат тие чувства на ранливост, чувства на невозвратена љубов, така што интересно ќе биде да се види како публиката реагира, односно како публиката ги чита и восприема писмата додека трае изложбата… – Дарко Алексовски за радио Стереолаб.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни