“Влажна симболична меѓуигра”- Изложба и промоција на графичка книга на Марија Трајаноска и Ѓорѓи Митревски

На настанот постетителите ќе имаат можност да учествуваат во креирањето нова ликовна “книга на посетители” базирана врз истиот творечки принцип.

Во четврок во 20 часот во мобилната галерија ЦСУ/ САС ќе се одржи промоција на “Влажна симболична меѓуигра” – графичка книга која нуди невообичаен поглед на интимната комуникација помеѓу два карактери. Овие карактери во различни ситуации, кои се исполнети со несвесни емоции и жестоки контрасти, се вплетуваат во бескраен дијалог, создавајќи неизмерни интерпретации на човечките интимни состојби.

Секоја сцена е цртана интуитивно, без било каква предумисла, одразувајќи ги основите на надреалистичкиот принцип наречен “прекрасен труп”.

Книгата е печатена во сито печат.

На настанот постетителите ќе имаат можност да учествуваат во креирањето нова ликовна “книга на посетители” базирана врз истиот творечки принцип. За учеството во овој креативен процес не се неопходни никакви ликовни предзнаења.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни