На 26 јули во 18 часот во Монтажната галерија во Скопје ќе биде промовирана уметничката книга ,,FLOW ” од Александра Ацеска која ќе биде проследена со изложба.
,,FLOW, ,го истражува патот на животот преку водата. Проектот е составен од уметнички дела, како и уметничка книга која се состои од неколку приказни инспирирани од искуството на уметницата во Кина и четири жени чии патишта се спојуваат и разидуваат, во периоди на промени, интроспекции и созревање. Flow ја следи филозофијата дека животот, како водата, е постојана промена. Тоа е потсетник дека отпорноста, радоста и рамнотежата не се дестинации — туку текови што ги учиме да ги пловиме.
Ацеcка Александра, родена 1994 година во Прилеп, Северна Македонија Живее и работи во Фошан, Кина. 2017 г. дипломирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Факултет за ликовни уметности Скопје, одсек сликарство и графички дизајн, 2023 г. магистрира на сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, РСМ.
Избрани самостојни изложби: 2024: – „FLORAL LIMBO“, Музеј на уметноста Сан Та, село Зини, област Панју, Гуангџоу, Кина; 2023: – „II“, Галерија на ФЛУ (Факултет за ликовни уметности), Скопје, РСМ; – „Реформации“, Федерација на книжевни и уметнички кругови, област Нанхаи, Фошан, Гуангдонг, Кина; 2018; – „PORTA PINUS“, Музеј на град Скопје, Скопје, РСМ; 2019: – „DIDYMUS“, Културен центар Марко Цепенков, Прилеп, РСМ; –„DIDYMUS“, Културен центар Кочо Рацин, Кичево, РСМ;
Добитничка е на наградите: 2024 – Награда „Извонреден меѓународен IB наставник“, Училиште Guandong Country Garden, Фошан, Гуангдонг, Кина; 2017 – Награда и грант „Борко Лазески“, најинвентивен сликар од генерацијата 2017, Факултет за ликовни уметности, Скопје; – Награда „Ponte di Pietra“, четврто издание на Меѓународен саем за современа уметност – Paratissima, Скопје, РСМ; – Drimon и INKA награден уметник, Меѓународен саем за современа уметност Paratisima, Скопје, РСМ;
ЦСУ Скопје изложбата на уметничката книга ,,FLOW” ја реализира со финасиска поддржана од Министерство за култура и туризам на РСМ и Општина Центар.