Настанот ќе се одржи на 1 и 2 ноември 2025 година и ќе вклучи изложба, презентации, панел-дискусија и демонстрација на традиционални техники за изработка на накит.
Настанот ќе започне со изложба на накит од македонската уметница и дизајнерка Билјана Клекачоска, која преку своите дела воспоставува дијалог меѓу древните техники и современиот дизајн. Публиката ќе има можност да ја доживее археологијата како жива креативна практика – простор каде што традиционалните занаети се реинтерпретираат низ современа естетика, а културното наследство се претвора во инспирација за иднината.
Во рамките на изложбата ќе се одржи и панел-дискусија на која ќе учествуваат:
- Билјана Клекачоска
- др. Никос Пападимитриу (Музеј Канелопулос, Грција)
- м-р Софија Георгиорги (Грција)
проф. Ирена Теодора Весевска (Катедра за историја на уметност и археологија)
Модераторка: Тијана Ана Спасовска
Дискусијата ќе ги опфати прашањата за улогата на дизајнот како медиум меѓу традицијата и иновацијата, како и за тоа како современиот накит може да се разбере како „жив архив“ што ја носи меморијата на древните техники и симболи.
Настани во рамките на програмата
Сабота, 1 ноември 2025 | 19:00 часот
Локација: Музеј на македонската борба за независност
19:00 – Отворање на изложбата
19:15 – Презентација: „Технолошки истражувања во Музејот Канелопулос, Атина“ – др. Никос Пападимитриу
19:30 – Презентација: „Византиската технологија на изработка на накит и експерименталната археологија“ – м-р Софија Георгиорги
19:55 – Панел-дискусија: „Експериментална археологија: Дизајнот како мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината“
Недела, 2 ноември 2025 | 12:00 часот
Водена тура низ изложбата и демонстрација на традиционални техники за изработка на накит
Демонстратор: Билјана Клекачоска
Настанот претставува ретка можност за директен дијалог меѓу уметноста, науката и занаетчиството, каде што археологијата излегува од музејските рамки и станува жив процес на учење и создавање. Контрапункт ги повикува љубителите на уметноста, дизајнот и културното наследство да присуствуваат и активно да се вклучат во ова искуство кое ја спојува минатата мудрост со идната визија.