Изложба „ЦЕРН и Универзумот: Науката која нѐ поврзува“ на Европската ноќ на истражувачи 2025

Почетокот на изложбата е закажан во 19.00 часот во централниот атриум во Дајмонд мол и таа ќе трае до 15 октомври

Во сабота, 27 септември Делегацијата на Европската унија и Europe House ја организираат изложбата „ЦЕРН и Универзумот: науката која не поврзува“, главниот настан на Европската ноќ на истражувачи 2025.

Организатороите велат дека оваа година, манифестацијата е посветена на науката и иновациите, во специјална соработка со ЦЕРН и Институтот за физика при ПМФ – Скопје.

Почетокот на изложбата е закажан во 19.00 часот во централниот атриум во Дајмонд мол и таа ќе трае до 15 октомври.

„Изложбата ќе ги доближи посетителите до тајните на универзумот, физиката на честички и европската научна соработка. Ќе можете да прошетате виртуелно низ ЦЕРН акцелераторот и да искусите интерактивни содржини.

Со целосна сценографија и инсталација, „Историјата на Универзумот“ ќе ја прикаже приказната на науката преку визуелно и интерактивно патување низ универзумот. Настанот е дел од Европската ноќ на истражувачи – европска манифестација која годинава го одбележува својот јубилеј од 20 години. Веќе две децении оваа иницијатива ја доближува науката до сите – науката која не поврзува преку едукација, инспирација и забава.

ЦЕРН (Европската организација за нуклеарни истражувања) е светски водечки центар за физика на честички, познат по Големиот хадронски колајдер и откривањето на Хигсовиот бозон. Тие ја поместуваат границата на човечкото знаење и создаваат технологии кои го менуваат секојдневниот живот – од медицинска дијагностика до интернетот“ се наведува во најавата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни