Австриска уметност во Чифте амам: Природата и просторот низ очите на Пирх и Лајрер

Изложбата „Флора – Фауна – Покриви” останува отворена до 12 април во соработка на австриската амбасада и Националната галерија

Синоќа во скопскиот Чифте амам беше отворена изложбата „Флора – Фауна – Покриви” на тројца современи австриски уметници – Констанце Пирх, Манфред Лајрер и Харо Пирх. Делата, инспирирани од природата и изграденото опкружување, ќе можат да се гледаат до 12 април.

Изложбата е реализација на Амбасадата на Австрија во соработка со Националната галерија и со поддршка на Министерството за култура и туризам. На отворањето присуствуваа бројни гости и љубители на уметноста, а со обраќање настапи и министерот за култура Зоран Љутков, кој ги нагласи долгогодишните културни и историски врски меѓу двете земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни