Изгоре домот на тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј-Џеј Редик

Пожарот исто така ја однел куќата во која како дете живеел тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, која исто така се наоѓала во Пасифик Пелисејдс. Неговата мајка (90) која уште живеела таму, била евакуирана пред да огнот го проголта објектот.

Пожар кој ги проголтал делови од Калифорнија, го уништил и домот на тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј-Джеј Редик. Неговиот дом е еден од повеќе од 5.300 уништени објекти во огнената стихија која сè уште не е локализирана, пренесуваат американските медиуми.

Заради вонредната ситуација во оваа област на САД, натпреварот помеѓу Лејкерс и Шарлот не беше одигран, иако кошарката во овој момент е нешто за што најмалку се размислува.

Според информации на ESPN, Редик изнајмувал куќа која изгорела, која се наоѓала во областите Пасифик Пелисејдс, едно од предградијата на Лос Анџелес кое било најтешко погодено од разорниот пожар, еден од неколкуте кои се распламтале.

Редик исто така изјавил пред натпреварот со Далас дека неговиот дом е во опасност, бидејќи пожарот веќе го зафатил поголемиот дел од околината, а не поминало многу време до моментот кога ја добил веста дека неговата куќа е уништена.

Среќа е што сите членови на неговото семејство биле евакуирани од критичната област навреме.

Пожарот исто така ја однел куќата во која како дете живеел тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, која исто така се наоѓала во Пасифик Пелисејдс. Неговата мајка (90) која уште живеела таму, била евакуирана пред да огнот го проголта објектот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни