15 пожарникари излегле на терен во Берово со четири противпожарни возила од противпожарната служба во Берово. Тие побарале помош и од противпожарните служби во Кочани и Струмица како и од доброволното противпожарно друштво од Пехчево.
„Пожарот е локализиран. Дел од летната тераса е зафатена, не е дозволено да се прошири пожарот на хотелот, на собите. Мислам дека има голема материјална штета, но спречено е да не се прошири пожарот на хотелот“ изјави командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.
Во пожарот е изгорена летната тераса од ресторанот во комплексот, а според првичните информации пожарот настанал од скарата.