Изгаснат пожарот во „Манастир“ во Берово, голема материјална штета, но без повредени

Откако вечерва се запали дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово, противпожарните служби успеаја да го изгаснат пожарот и да спречат негово ширење.
Фото: Maleshnet.mk/Facebook

15 пожарникари излегле на терен во Берово со четири противпожарни возила од противпожарната служба во Берово. Тие побарале помош и од противпожарните служби во Кочани и Струмица како и од доброволното противпожарно друштво од Пехчево.

„Пожарот е локализиран. Дел од летната тераса е зафатена, не е дозволено да се прошири пожарот на хотелот, на собите. Мислам дека има голема материјална штета, но спречено е да не се прошири пожарот на хотелот“ изјави командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

 Во пожарот е изгорена летната тераса од ресторанот во комплексот, а според првичните информации пожарот настанал од скарата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни