Издавачката куќа „Аз-Буки“ одбележува 25 години постоење и издаваштво на македонски јазик

Сите достапни наслови од споменатите едиции ќе бидат достапни на претстојниот Саем на книгата, каде што „Аз-Буки“ ќе учествува и ќе се претстави.

Издавачката куќа „Аз-Буки“ годинава бележи важен јубилеј, 25 години постоење и издаваштво на македонски јазик. Повеќе од 150 објавени дела, организирани во неколку едиции, го сочинуваат нашето духовно здание, создадено во изминативе две и пол децении со силите на стотина истакнати автори, преведувачи, лектори и уредници.

Голем дел од изданијата на „Аз-Буки“ се значајни наслови од светското културно и интелектуално наследство — во нив се препознаваат некои од главните контури на историскиот развој на човековиот поглед кон себе и кон светот. Еднакво место има и обемниот корпус изданија од домашни автори зафатени со битни теми, проблеми и домени кои имаат првенствено филозофски карактер. Препознатливата едиција „Филозофија“, едицијата „Филозофски дисциплини“, историската едиција „Еони“, критичко-теориската едиција „Единаесеттата теза“, повеќе од триесет броеви на списанието „Филозофија“, како и останатите посебни изданија вон овие едиции сочинуваат целина во која се јасно се одразува карактерот на издаваштвото „Аз-Буки“.

Сите достапни наслови од споменатите едиции ќе бидат достапни на претстојниот Саем на книгата, каде што „Аз-Буки“ ќе учествува и ќе се претстави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни