По второто полуфинале што се одржа вчера вечер во Базел, познати се сите 26 земји финалистки кои ќе настапат на големото финале на Евровизија 2025, во сабота на 17 мај.
Во вчерашната програма настапија претставници од 16 земји, а во финалето се пласираа: Литванија, Израел, Ерменија, Данска, Австрија, Луксембург, Финска, Летонија, Малта и Грција.
Овие 10 земји им се приклучуваат на претходно избраните финалисти од првото полуфинале кое се одржа претходно оваа недела. Тоа се: Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина.
На финалето автоматски настапуваат и шесте земји кои традиционално имаат директен пласман: Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Шпанија и земјата-домаќин – Швајцарија.
Финалето на Евровизија 2025 ќе се одржи во сабота, 17 мај, со почеток во 21 часот, во градот Базел, кој годинава ја има честа да биде домаќин на овој најголем европски музички настан.