На врвот на листата се наоѓа главниот град на Шпанија, Мадрид, со вкупна оценка од 78,62 од можни 100 бода, пренесува N1info.rs.
Мадрид добил високи оценки во скоро сите категории
Здравјето во урбаните средини зависи од многу фактори – од квалитетот на воздухот и нивото на бучава до достапноста на зелени површини, можностите за рекреација и бројот на сончеви денови. Omio ги земал предвид сите овие фактори, вклучувајќи број на спа центри, теретани, ниво на загадување и пристапност за пешаците.
Мадрид се истакнал со високи оценки во речиси сите категории, а посебно со високото ниво на квалитет на живот, со 360 спа центри и просечно 2.712 сончеви часа годишно. Не е ни чудо што Мадрид беше неодамна прогласен за еден од најсончевите главни градови во Европа.
На листата и хрватски град
На второ место се најде Лисабон, со резултат од 75,36, што не изненадува, особено затоа што градот најави отворање нови зони на тишина и бесплатен пристап до некои од најзелените паркови.
Третото место му припаѓа на Виена, а меѓу првите 20 градови кои се издвојуваат како најпогодни за здравје и велнес се наоѓаат и Загреб, Љубљана и Будимпешта.
Топ 20 европски градови за здравје и добробит:
- Мадрид
- Лисабон
- Виена
- Прага
- Амстердам
- Хелсинки
- Копенхаген
- Талин
- Рим
- Загреб
- Будимпешта
- Љубљана
- Берн
- Берлин
- Луксембург
- Рига
- Софија
- Вилњус
- Атина
- Стокхолм
- Јереван
- Рејкјавик