Со цел да се оценат перформансите на парфемот во реалниот свет, тие исто така спроведоа тестови во различни ситуации. Така тие добија шанса да видат како секој мирис се однесува во различни средини. Тие внимателно ја следеа долговечноста на секој парфем, се со цел да го пронајдат најдобриот женски парфем во светот.
Во овој избор на најдобри парфеми, на крајот, парфемот на YSL „Black Opium“ се искристализира како победник во категоријата најдобар женски парфем, а во категоријата машки парфеми таа чест отиде кај Dolce & Gabbana Light Blue Pour Homme.
„Победниците го претставуваат нашиот избор на најдоброто од најдобрите – комбинација од безвременски класици и возбудливи новитети. Без оглед на тоа дали имате ‘ваш’ парфем или сакате да менувате парфеми во зависност од вашето расположение, овие избори имаат едно нешто заедничко: сите тие мирисаат неверојатно“, пишува Marie Claire.
Парфемот YSL Black Opium е еден од најпознатите и најбараните парфеми на оваа модна куќа. Лансиран е пред 10 години, а досега стана класика поради уникатната и смела комбинација на ноти.
YSL Black Opium привлекува внимание и со својот елегантен дизајн на шишиња, украсени со црн сјај, кој симболизира смелост и гламур.