Избори во Словенија: Води партијата на Голоб, следуваат тешки преговори за нова влада

Роберт Голоб и неговото Движење Слобода водат на изборите, но резултатите најавуваат неизвесни коалициски преговори во Словенија.

На парламентарните избори во Словенија, по преброени повеќе од 99,8% од гласовите, води Движење Слобода на премиерот Роберт Голоб со 28,60%, веднаш пред Словенечка демократска партија на Јанез Јанша со 28,04%.

Иако разликата е минимална, веќе е јасно дека формирањето нова влада ќе биде сложен и неизвесен процес.

Распределба на силите

Според досегашните резултати, Движење Слобода има 29 пратеници, Словенечка демократска партија 28 пратеници, Коалиција Нова Словенија / Словенечка народна партија / Фокус – 9 пратеници, Социјалдемократите 6, Демократи – 6, Resni.ca – 5 и Левица и Весна – по 5

Овие бројки покажуваат дека ниту еден блок нема јасно мнозинство во парламентот од 90 пратеници

Голоб: „Нема компромис за суверенитетот“

Лидерот Движење Слобода, Роберт Голоб, им се заблагодари на гласачите и порача дека изборите биле „за демократија и иднината на земјата“.

Тој најави тешки преговори, но подвлече јасна црвена линија:

„За една работа нема преговори – тоа е нашиот суверенитет. Нема да дозволиме странци да управуваат.“

Јанша бара проверка на гласовите

Од друга страна, Јанез Јанша од Словенечка демократска партија изрази сомнежи во официјалните резултати.

Тој тврди дека податоците на партијата покажуваат предност од околу 50.000 гласови и најави детална проверка и можност за рачно пребројување

„Не обвинувам никого, но разликата е невообичаена“, изјави Јанша.

Клучот е во коалициите

Останатите партии веќе сигнализираат подготвеност за разговори. Матијаж Хан од Социјалдемократи најави учество во преговори за левоцентристичка влада. Анже Логар од Демократи повика на поширока коалиција, а Лука Месец од Левица предупреди дека ќе биде тешко да се обезбеди мнозинство

Што следува?

Изборниот резултат во Словенија најавува долги и неизвесни коалициски преговори, можни политички блокади и зголемена поларизација меѓу двата главни блока

Со оглед на тесната разлика и фрагментираниот парламент, новата влада ќе зависи од сложени компромиси а исходот засега останува неизвесен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни