Треба ли да се избегнуваат масла од семки

Дознајте дали сончогледовото и маслото од тиква се здрави, нивните предности, ризици и подобри алтернативи за секојдневна употреба.

Маслата од семки, како сончогледовото и маслото од тиква, често се користат во исхраната. Тие се извор на витамин Е и други корисни соединенија, но е важно да се консумираат умерено и да се избираат помалку преработени верзии.

Маслата од семки се добиваат преку екстракција од семките на различни растенија. Постои механичка метода, која вклучува мелење и цедење, и хемиска метода со користење на раствори за издвојување на маслото. Често, по екстракцијата следи рафинирање, што ги менува вкусот и бојата, но исто така може да го намали нивниот нутритивен состав.

Најчесто користените масла во нашата средина се сончогледовото масло, кое е погодено за готвење, печење и пржење, и тиквеното масло, кое најчесто се додава во салати и готови јадења поради специфичниот вкус. Сепак, преголема и честа употреба на овие масла може да доведе до здравствени ризици. Тие содржат големи количини на омега-6 масни киселини, а нивниот вишок во однос на омега-3 може да поттикне воспалителни процеси и да го зголеми ризикот од хронични болести како дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.

Високо рафинираните масла се подложни на оксидација при високи температури, што може да создаде штетни соединенија и да го намали процентот на антиоксиданси и витамин Е. Особено проблематични се маслата кои се користат за повеќекратно пржење.

И покрај тоа, не треба целосно да се избегнуваат. Тие се достапни, често поевтини и се добар извор на витамин Е. Хладно цедените и нерфинираните масла содржат повеќе корисни соединенија и антиоксиданси. За поздрави алтернативи, маслиновото масло и авокадото масло се одлични замени, богати со антиоксиданси и погодни за умерено готвење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни