Избегнувањето конфликти во бракот води кон развод

Ефикасната комуникација е клучна за секоја врска, вклучувајќи го и бракот, а конфликтот е дел од неа.
Фото: jcomp/Freepik

Затоа избегнувањето конфликти во врската може да стане навика која долгорочно води до развод, поради што е важно да се соочите со несогласувањата, вели брачната советничка Линдзи Катаускас.

„Најсреќните парови се успешни во својата врска затоа што научиле отворено да зборуваат за чувствителни теми и прифаќаат дека нема да се согласуваат за некои работи“

Според едно истражување, клучот за здрава врска лежи во способноста да се почитуваат различните мислења и да се оди напред со љубов и разбирање, и покрај разликите, објасни советничката за YourTango.

Еден од најефикасните начини за решавање на проблемите е да разговарате на неутрален терен и во време кога емоциите се мирни. Кога ќе се појави проблем, корисно е да се согласите да разговарате за него во мирно и однапред одредено време, како на пример после ручекот.

„Ваквиот пристап ја намалува емоционалната напнатост и овозможува порационално донесување одлуки. Може да биде корисно и да одвоите редовно време за разговор за важни теми, како што се семејни прашања, финансии или лични проблеми. Ова создава безбедна зона каде што двајцата партнери знаат дека можат отворено да разговараат за која било тема“, вели Катаускас.

Така, избегнувањето конфликт може да доведе до акумулација на нерешени прашања и незадоволство. Една студија покажува дека избегнувањето конфликти често води до отуѓување на партнерот и влошување на врската. Кога проблемите постојано се туркаат под тепих, расте тензијата, што може да доведе до длабоко незадоволство и отуѓување.

„Наместо да избегнувате конфликти, важно е отворено да се соочите со проблемите и да бидете подготвени да ги решите. Пристапете кон разговорот смирено и фокусирано, вдишете длабоко и бидете подготвени да разговарате за проблемот додека не најдете заемно решение кое ќе го подобри вашиот однос и ќе ви овозможи поздрава комуникација во иднина“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни