Избегнувајте да ги купувате овие намирници во декември, иако изгледаат свежо во маркетите

Благодарение на брзиот транспорт и новите системи за складирање, свежото овошје и зеленчук може да се купат во текот на целата година. Но, тоа не значи дека треба да јадете се што ќе најдете на полиците во продавниците.
Фото: Wally Hartshorn/Flickr

„Колку е подолго времето помеѓу берењето и консумирањето, толку помалку хранливи материи има овошјето“, вели Елизабет Сомер, авторка на „Јади го својот пат до среќата“. Токму затоа исхраната треба да ја засновате на свежа храна од околината, а избегнувајте храна на која не ѝ е сезоната.

Аспарагус

Аспарагусот може да се најде во продавниците речиси цела година, но најдобар е во пролет кога врвовите се цврсти и вкусни. Зимскиот аспарагус доаѓа од земјите од Латинска Америка и е многу „дрвенест“ и невкусен.

Наместо тоа, изберете:

Прокељ полн со витамин Ц кој го зајакнува имунитетот и витамин К за зајакнување на коските. Најдобро е да се комбинира со домашна сланина.

Праски

Летото е главната сезона за праските, кога тие се најсочни и најслатки. По август тешко се наоѓаат во продавниците. Ако сè уште го гледате ова „влакнесто“ овошје на полиците на продавниците, веројатно доаѓа од Јужна Америка.

Наместо тоа, изберете:

Цитрусните овошја како портокалите, кои се полни со слатко-кисел сок и други витамини и минерали кои го штитат организмот од сезонски настинки и грип.

Свеж грашок

Слаткиот грашок е пролетно уживање и се смета за еден од најчистите зеленчуци на пазарот. Доколку во зимските месеци наидете на грашок, плодовите ќе бидат побрашнести и со лош вкус.

Наместо тоа, изберете:

Замрзнат грашок кој се бере во екот на сезоната и има вкус најблиску до „вистинскиот“.

Пченка на кочан

Подобро е да јадете варена или печена пченка отколку да грицкате чипс. Но, свежите кочани во зимските месеци се далеку од оние летни плодови полни со слатки и меки зрна.

Наместо тоа, изберете:

Замрзнатите производи како пченка шеќерац се поздрава алтернатива од свежата храна. Во зимските месеци не можете да грицкате кочан, но сепак ќе добиете важни извори на лутеин со консумирање зрна.

Јагоди

Ако наидете на јагоди во текот на зимата, тоа е производ кој останува во фрижидер половина лето и цела есен. Таквите бобинки немаат вкус и мирис на јагоди, а хранливите материи исчезнале при долгорочно складирање.

Наместо тоа, изберете:

Замрзнатите шумски плодови се берат во време на максимална сочност, одлично се комбинираат при подготовка на печени деликатеси како пити.

Домати

На крајот на летото доматите даваат максимален вкус, сочност и арома. Но, ако после тоа се неколку месеци во фрижидер, бидете сигурни дека плодовите ја изгубиле свежината и вкусот и количината на ликопен.

Наместо тоа, изберете:

Свежото е секогаш најдобро, но во зимските месеци конзервираните домати и пасираните домати исто така ќе се доволно добри за супи, чорби и сосови. Ако можете, изберете тегли со органски одгледани плодови и без конзерванси.

Боровинки

Не само што боровинките се исклучително скапи во зимските месеци, туку и немаат витамин Ц и се повеќе склони кон гниење.

Наместо тоа, изберете:

Замрзнатите боровинки се здрави како свежите, а содржат речиси иста количина на антиоксиданси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни