Состојбата на Дачиќ и понатаму сериозна

Ивица Дачиќ е се уште хоспитализиран со билатерална пневмонија, а лекарите велат дека состојбата се следи од час во час.

Здравствената состојба на вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, е стабилна, но и понатаму сериозна, соопштија лекарите од Универзитетскиот клинички центар на Србија, пренесува РТС.

Дачиќ е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија поради билатерална пневмонија, по што бил интубиран и ставен на механичка вентилација. Според медицинскиот тим, во моментов е неприфатливо да се даваат прогнози сè додека пациентот е на респиратор.

Лекарскиот тим оценува дека во однос на претходните денови постојат повеќе причини за умерен оптимизам, иако здравствената состојба на пациентот и понатаму се смета за сериозна. Медицинската екипа продолжува со мерките за интензивна нега и постојан мониторинг.

Тие посочуваат дека состојбата може да се менува од час во час, дека сите витални параметри постојано се следат и дека се применува современа терапија во согласност со резултатите, како и дополнителна дијагностика.

Прогнози за понатамошниот тек на лекувањето, велат тие, ќе може да се дадат дури откако Дачиќ ќе биде отстранет од механичката вентилација.

Министерот беше примен во Клиничкиот центар на Србија во средата, по влошување на здравствената состојба, а неговиот случај будно се следи од јавноста и политичките кругови во земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни