Научниците издадоа итно предупредување за ширењето на антибиотски-отпорни бактерии кои се појавиле кај тешко потхранети деца во Нигер, со потенцијал да се прошират и до Велика Британија, па и пошироко.
Истражувањето, објавено во Nature Communications, открива дека над 75% од анализираните деца носат бактерии отпорни на многу често користени антибиотици, а 25% носат гени кои ги прават отпорни и на најсилните – последна линија – антибиотици.
Најпогодени се тешко потхранетите деца, кои поради слаб имунитет се особено ранливи на инфекции како што се сепса, пневмонија, туберкулоза и дијареа. Во студијата се анализирани над 3.000 примероци од 1.371 дете на возраст под 5 години, лекувани во болнички услови во Нигер.
Што точно открија?
Околу 76% од децата носат бактерии со ESBL-гени – што ги прави отпорни на повеќе антибиотици., 25% носат бактерии со карбапенемаза гени (како blaNDM), кои се отпорни на најсилните антибиотици, а 69% од децата кои биле негативни на прием, станале носители на отпорни бактерии при отпуштање од болница.
Според проф. Овен Спилер од Универзитетот во Кардиф, ова е „предупредување за светот“ и јасен доказ дека антибиотската резистенција (AMR) може брзо да се прошири – особено во услови на сиромаштија, хуманитарни кризи и недоволна хигиена.
Широка закана: AMR не познава граници
Бактериите отпорни на антибиотици лесно се шират меѓу земји преку меѓународни патувања, а недостатокот на глобален надзор значи дека се соочуваме со „невидлив непријател“ без доволно податоци за да реагираме навреме.
Според истражувачите: малите болници со пренатрупани одделенија и ограничени ресурси стануваат жаришта. Хуманитарните кризи, вклучувајќи ги војните и климатските промени, ја влошуваат ситуацијата.
Одговор на британската влада:
Велика Британија ја признава AMR како „голема закана“ по здравјето. Објавен е Национален план за 2024-2029, кој вклучува: инвестиции во нови вакцини, намалување на употребата на антибиотици во месната индустрија и зајакнување на глобалниот надзор, како и политичка декларација на ОН со цел намалување на смртноста од AMR за 10% до 2030.
Истражувачите и докторите од Médecins Sans Frontières (Лекари без граници) бараат: подобрување на инфекциската контрола во болници, глобално финансирање за хигиенска инфраструктура и проширување на светскиот мониторинг систем за AMR.