Италијанскиот Сенат го одобри спорниот план за разделување на кариерите на судиите и обвинителите

Италијанскиот Сенат го даде првичното одобрение за контроверзната реформа со која се предвидува раздвојување на кариерните патишта на обвинителите и судиите, по што тие повеќе нема да може да преминуваат од една функција во друга, јави АНСА.

Националната асоцијација на магистрати остро се спротивстави на мерката, предупредувајќи дека таа ја загрозува независноста на правосудството и може да ги стави обвинителите под влијание на извршната власт.

Владата тврди дека сегашната практика создава прекумерна блискост меѓу судиите и обвинителите, што може да влијае на фер-судењето.

Веројатно, реформата ќе оди на референдум, бидејќи тешко ќе добие двотретинско мнозинство во двете собраниски домови, што е потребно за уставни измени.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, лидер на партијата „Форца Италија“, го поздрави гласањето, нарекувајќи го „историски чекор за промена“ и нагласувајќи дека „нема цел да се дискредитира правосудството“.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела внимателно го следи процесот, во својство на претседавач на Високиот судски совет. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни