Италијанското обвинителство бара привремена забрана за огласување на луксузниот бренд Tod’s

Во документ од 144 страници, до кој пристап доби Ројтерс, обвинителите тврдат дека раководството на Tod’s со години знаело за злоупотребите во синџирот на производство и делумно ја сноси одговорноста за ваквите практики. Независни ревизии, според обвинителството, повторувано предупредувале на проблемите, но раководството ги игнорирало сигналите.

Наводите се однесуваат на две работилници во регионот на Милано и три фабрики во регионот Марке естото каде што е седиштето на Tod’s сите под кинеско раководење. Според обвинителите, експлоатацијата се одвивала со „активно заење“ на раководниот тим на компанијата.

Во рамки на постапката, обвинителството побара и шестмесечна забрана за огласување на производите на Tod’s, што би претставувало преседан, бидејќи досега ниту една италијанска модна куќа и нејзиниот менаџмент не биле директно поврзани со експлоатација на работници.

Од компанијата соопштија дека ги разгледуваат обвинувањата.

Истовремено, случајот доаѓа во период кога италијанските обвинители веќе имаат засилено надзор над модната индустрија. Од декември 2023 година под контрола беа ставени Valentino, Dior, Armani и Alviero Martini, поради злоупотреби во подизведувачките работилници во кинеско сопствеништво. Во меѓувреме, Dior, Armani и Alviero Martini излегоа од надзорниот режим откако ги усогласија своите практики со законските стандарди, додека Valentino останува под надзор од мај оваа година.

Во октомври обвинителите побараа судот да назначи специјален администратор и за Tod’s, но два милански суда го препратија предметот во регионот Марке, бидејќи таму се наоѓа седиштето на компанијата. Обидот на обвинителството да ја оспори оваа одлука пропадна, бидејќи Касациониот суд ја одби жалбата, соопштија од Tod’s.

Истрагата продолжува и би можела да има значајни последици за целата италијанска модна индустрија, која веќе подолго време е под зголемена контрола заради условите во кои работат работниците во подизведувачките погони.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни