Италијанскиот министер за одбрана: Би било „апсурдно“ да се запре помошта за Украина

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави денеска на состанокот со европските колеги во Берлин дека би било „апсурдно“ Италија да престане да ѝ испраќа воена и цивилна помош на Украина или да не ја зголеми досегашната поддршка.

Крозето потврди дека го одобрил испраќањето на 12. пакет помош за Киев и најави дека Италија ќе ја поддржи Украина и во зимските месеци со испорака на електрични генератори. „За мене би било апсурдно да не продолжиме или, имајќи ги предвид нашите можности, да не ја зголемиме поддршката за држава која само се брани од апсурден и недофатлив напад“, рече тој.

Премиерката Џорџа Мелони останува силен поддржувач на Украина, за разлика од дел од партнерите во десничарската коалиција. Вицепремиерот Матео Салвини овој месец изјави дека Италија не може да испраќа пари и оружје „следните 50 години“.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, домаќин на средбата во Берлин, соопшти дека Германија ќе придонесе со најмалку 150 милиони евра за набавка на американска воена опрема за Украина.

Министрите согласни за одржување на поддршката

На состанокот учествуваа министрите за одбрана на Франција, Обединетото Кралство, Италија и Полска, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас. Украинскиот министер за одбрана Денис Шмигал се приклучи преку видеоврска.

Министрите постигнаа договор за продолжување на набавките во рамки на НАТО-иницијативата Popis prioritertnih zahtjeva za Ukrajinu (PURL), чија цел е набавка на оружје произведено во САД за украинските сили. Иницијативата беше одговор на јавните повици на американскиот претседател Доналд Трамп европските земји да го зголемат својот придонес кон Украина наместо да се потпираат на Вашингтон.

Најновиот пакет помош следува еден ден откако нордиските и балтичките земји ветија воена поддршка од 500 милиони долари за набавка на американска опрема и муниција за Киев.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни