Италијанските средношколци повеќе нема да смеат да користат мобилни телефони на настава

Тој се повика на истражувања кои покажуваат дека претераното или неправилно користење на мобилни телефони може негативно да влијае врз здравјето, благосостојбата и училишниот успех на учениците.

Користењето на мобилни телефони отсега ќе биде забрането за време на наставата и за средношколците, соопшти италијанското Министерство за образование. Одлуката ќе стапи на сила по летниот распуст, односно на почетокот на новата учебна година. Досега користењето на мобилни телефони главно беше забрането за ученици до околу петнаесетгодишна возраст.

Можно е да има исклучоци, како на пример за ученици со попреченост на кои мобилниот телефон им е неопходен. Уредбата ја објави министерот за образование Џузепе Валдитара, истакнувајќи дека целта на забраната е повторно да се овозможи потивка и поконцентрирана настава за учениците.

Тој се повика на истражувања кои покажуваат дека претераното или неправилно користење на мобилни телефони може негативно да влијае врз здравјето, благосостојбата и училишниот успех на учениците.

Мобилните телефони отсега ќе треба да се оставаат во за тоа предвидени фиоки пред почетокот на наставата. Построгите правила за користење на мобилни уреди во училиштата редовно се тема на расправа и во многу други европски земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни