Search

Италијански нуркач пронајде илјадници римски монети на дното во Сардинија

Италијански нуркач забележал нешто метално на брегот на Сардинија и тоа довело до откривање на десетици илјади римски бронзени монети, соопшти италијанското Министерство за култура.

Откако мажот ги алармирал властите, нуркачи од Одредот за заштита на уметноста и од Одделот за подводна археологија на министерството биле испратени да истражат. Монетите, кои потекнуваат од првата половина на четвртиот век, се пронајдени меѓу морската трева недалеку од североисточниот брег на медитеранскиот остров.

Министерството не го откри точниот датум на првото откритие, но тоа било во близина на градот Арзачена. Бројот на досега пронајдените монети се уште се утврдува бидејќи тие сега се сортираат. Се проценува дека се работи за најмалку 30.000 монети, а веројатно и 50.000.

Пронајдените древни римски монети се нарекуваат фолис, бронзена монета воведена околу 294 година од нашата ера со монетарната реформа на поранешниот римски император Диоклецијан.

Интересно е што сите монети се во исклучителна и ретка состојба на зачуваност. Дури и неколку оштетени монети сè уште имаат читливи натписи, велат од министерството.

Луиџи Ла Рока, службеник на одделот за археологија на Сардинија, го поздрави откритието како едно од најзначајните откритија на монети во последно време.

Тој рече дека тоа е уште еден доказ за богатството и важноста на археолошкото наследство зачувано под морското дно.

Повеќето од монетите се пронајдени во песочната област помеѓу подводната морска трева и плажата, што укажува на присуство на потонати бродови во близина, велат од Министерството.

Слично откритие беше направено во Девон, Велика Британија во 2013 година, кога од длабочините излегоа 22.888 фолиси. Оваа исклучителна резерва на монети ја пронашла Лоренс Егертон на само неколку стотини метри од местото на римска вила и воена тврдина од вториот до третиот век.

Извор: klix.ba

Најново

Последни колумни