Италијанската влада негира дека ги шпионирала новинарите и активистите со специјален софтвер

Италијанската влада денеска негираше дека шпионирала новинари и активисти кои им помагаат на мигрантите со специјален софтвер и најави дека ќе соработува во истрагата, откако најмалку седум мобилни телефони во Италија биле хакирани со помош на воена технологија за надзор.

На 31 јануари, повеќе десетици корисници на апликацијата WhatsApp, која е во сопственост на компанијата Meta, биле известени дека биле цел на хакерски напад изведен со технологија на израелската сајбер-компанија Paragon Solutions.

Во соопштението што го објави италијанската канцеларија на Meta, платформата WhatsApp наведе дека спречила „шпионска кампања на Paragon, чија цел биле неколку корисници, меѓу кои и новинари и припадници на граѓанското општество“.

Откако британскиот Guardian објави извештај за случајот, италијанската влада на 5 февруари потврди дека најмалку седум мобилни телефони во Италија биле цел на нападот, нагласувајќи дека побарала од Националната агенција за сајбер-безбедност да спроведе истрага.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни