Италијанската убавица која се бори со тешка болест е снимена во прегратките на новото момче, на улиците на Милано

Италијанската манекенка Бјанка Балти, која неодамна откри дека се бори со ракот, постојано се смешка со своето ново момче Алесандро Кутреро. Двојката разменувала нежности на улиците на Милано, а овие моменти ги овековечиле фотографите.
Инаку, манекенката претходно откри дека и бил дијагностициран рак откако се пријавила во болница поради неподносливи стомачни болки, пренесува Daily Mail. На Балти и бил дијагностициран рак на јајниците, а болеста се проширила на надворешниот дел на карлицата. Италијанката претходно изјави дека ќе оди на хемотерапија и дека има големи надежи дека ќе закрепне.


„Имам долг пат да одам, но знам дека ќе го победам ова. За себе, моите најблиски (моите ќерки се на врвот на листата), сите на кои ви треба сила, можете да позајмите малку од мене бидејќи јас ја имам многу. Се случува животот… До сега ракот ми даваше можност да најдам убавина низ животните пречки“, сподели Балти пред неколку месеци.


Балти ја има 17-годишната ќерка Матилда, која ја имаше во брак со Кристијан Луциди и 9-годишната ќерка Мија, која ја доби со сопругот Метју Мекреј.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни