Италија ќе ги забрани лажните рецензии на платформите за резервација на сместување

Владата предложи закон кој има цел да ги искорени лажните и платени рецензии на онлајн платформите и другите канали

Италија стана првата земја која се обиде да го намали потенцијалот за штетни и лажни рецензии, за да ја заштити туристичката индустрија, која е толку важна за Италија, во сите нејзини сегменти – сместување, угостителство, туристички искуства…

Владата предложи закон кој има цел да ги искорени лажните и платени рецензии на онлајн платформите и другите канали. Законодавецот одреди дека секој рецензент, пред да биде во можност да напише и објави рецензија, мора да направи неколку чекори за да покаже дека навистина го искусил она за што пишува.

Покрај тоа, тој ќе мора да го потврди својот идентитет за да може воопшто да напише рецензија. Тоа, нема да биде само обврска за рецензентите, туку и за платформите на кои ќе го остават своето мислење, какво и да било.

Некои платформи веќе имаат компонента за проверка на идентитетот, особено за резервација на сместување, бидејќи тоа е важен дел од обезбедувањето дека гостите ќе се појават на својата дестинација, но и дека таму навистина ќе најдат соба или апартман, а не некоја напуштена колиба.

Сето ова е дел од обидите на италијанските власти да обезбедат подобра одржливост на својата туристичка индустрија, од различни ограничувања до намалување на гужвите, нови даноци, потребата за резервација на термин за посета на најпопуларните атракции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни