Италија ќе ја прогласи Веспата за културно наследство, за да ги избегне еколошките закони на ЕУ

Фото: www.calvinwest.com, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Италија се обидува да ги изигра европските прописи за емисии на штетни гасови со тоа што скутерот Веспа, бензинец, ќе го прогласи за национално културно наследство.

Доколку тој статус биде одобрен, тоа би значело дека Веспата ќе биде поштедена од ограничувањата на продажба поради своите штетени гасови, пишуваат италијанските медиуми.

Предлогот доаѓа од редовите на десничарската партија од власта, лега, кој ја води министерот за трговија Матео Салвини.

Експертите ваквиот потег го оценуваат како чуден, со оглед на тоа што Веспата е достапна и како електричен скутер во неколку верзии, кои изгледаат исто како оригиналниот бензинец.

Овој обид на Италијанците е во насока на тие во ЕУ кои сакаат да ја одложат планираната забрана за продажба на возила со мотори со внатрешно согорување за по 2035 година. Германија сака да го направи истото за автомобилите кои работат на синтетички горива.

„Со оглед на нејзината симболична вредност и извонредна квалитетна изработка, како и нејзината историска, уметничка и културна вредност, мотоциклот Веспа Пиаџо, патентиран во 1946 година треба да биде признаен како национално културно наследство“ се вели во предлогот.

Салвини вели дека внесувањето на Веспата на пописот на возила од национален интерес за да се заштити од ограничувањата е предлог кој активно го поддржуваат за да се одбрани наследството и италијанскиот симбол на две тркала кој е познат и ценет во целеиот свет.

Извор: ХРТ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни