Италијанските научници од Торино откриле нов ген кој ја предизвикува Алцхајмеровата болест, покажува најновото истражување, пренесуваат италијанските медиуми.
Истражувањата на неколку групи научници биле координирани од болницата Молинете од Торино, пренесе Анса.
Научниците неколку години ја следеле една фамилија во која се јавила оваа болест и откриле дека таа е предизвикана од мутации на генот Grin2C, кој кодира подединица на Nmda глутаматниот рецептор.