Италија ја продолжи граничната контрола со Словенија до јуни 2025 година

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси изјави дека Рим ја продолжи контролата на своите внатрешенгенски граници со Словенија до јуни следната година.

– Како и секогаш, зајакнувањето на контролите ќе биде спроведено на таков начин што ќе влијае што е можно помалку врз прекуграничниот сообраќај и увозот и извозот на стоки, посочи Пјантедоси.

Италија на 21 октомври минатата година повторно воведе привремена гранична контрола со соседна Словенија поради променетата ситуација во Европа и на Блиски Исток. Во јануари годинава ја продолжи контролата за уште шест месеци до 18 јуни, а потоа до 18 декември. Двете земји се дел од Шенген зоната.

Словенија, исто така, воведе контроли на внатрешните шенгенски граници со Хрватска и Унгарија во есента 2023 година. Во декември минатата година ги продолжи контролите до 22 јуни годинава, а потоа за уште шест месеци до 21 декември

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни