Истрели во владина зграда во Анталија: Специјалци опколија објект во населбата Кепез

Пукање во владина зграда во Анталија предизвика голема полициска операција. Специјалните сили го опколија објектот во населбата Кепез.

Во турскиот град Анталија се слушнале истрели во владината зграда во населбата Кепез, откако едно лице наводно влегло во Дирекцијата за национално образование и отворило оган, пренесуваат турските медиуми.

Според првичните информации, по пукањето напаѓачот се заклучил во една од просториите во зградата, што предизвикало паника меѓу вработените и граѓаните кои во тој момент се наоѓале таму.

Владината зграда во Кепез веднаш била евакуирана, а полицијата го блокирала поширокиот простор околу објектот.

Видеата што се појавија на социјалните мрежи покажуваат вооружени припадници на специјалните полициски единици како влегуваат во зградата, додека евакуираните вработени и граѓани стојат надвор и ја следат ситуацијата.

На местото на настанот пристигнале и медицински екипи, кои се во состојба на готовност во случај да има повредени.

Засега не е познато дали има повредени, ниту кој е мотивот на напаѓачот. Полицијата продолжува со операцијата во зградата, додека властите ги повикуваат граѓаните да ја избегнуваат областа додека трае интервенцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни