Истражување: Високите мажи сакаат ниски жени, но за кратки врски

Зошто мажите одбираат ниски жени не е само личен избор, туку одлука која се потпира на биологијата и психологијата, сметаат истражувачи од универзитетите во Куба, Канада, Норвешка и САД.

Резултатите од истражувањата покажале дека мажите, во просек, преферираат жени со висина од 160 до 165 сантиметри кога станува збор за лежерна, кратка врска.

Класичниот модел на привлечен маж – висок, темен и згоден – и понатаму е избор за повеќето жени, се наведува во студијата која открила и дека ниските жени секогаш сакаат високи мажи, без разлика дали за сериозна врска или периодична забава.

Во истражувањето биле вклучени луѓе од секојдневието. Учествувале вкупно 536 луѓе, од кои 333 биле жени. Голем дел од нив, околу 93 отсто, се декларирале како хетеросексуалци.

Во просек, мажите биле високи 178 сантиметри, додека просечната висина кај жените се движела околу 165 сантиметри.

На учесничките им биле прикажани по два цртежа, не кои имало по пет минималистички цртежи од мажи свртени со грб, но со различна висина. Слични цртежи им биле прикажани и на мажите, жени свтени со грб и во различни висини.

На мажите им биле поставено прашање со кој тип на жена, во зависност од висината, ќе одлучат да се забавуваат. Повеќето од нив одбрале жени со висина од 164 до 167 сантиметри, но само кога со партнерката би биле во кратка авантура. Голем дел од мажите за своја животна сопатничка, односно брак, одбирале жена која е само неколку сантиметри пониска од нив. Според тоа научниците заклучиле дека мажите се „асортативно“ настроени за парење.

„Асортативно парење“ е создавање брачна заедница во која партнерите имаат многу заеднички особини како финансиски и образовен статус, но и физички сличности како што е висината. Следствено на ова, високите мажи имаат високи жени.

„Нашите резултати дополнително ја потврдија теоријата дека луѓето потајно се склони кон т.н „асортативно парење“, односно им е важно да имаат парнер или партнерка со слична висина на својата. Сепак, сметаме, а тоа и се потврди дека мажите сакаат драстично пониски жени од себе само кога тоа им е слатка авантура“, сметаат авторите на студијата, објавена во списанието Frontiers in Psichology.

Жените пак преферираат повисоки мажи од нив, без разлика за кратка или долга врска.

Извор: n1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни