Истражување на Greenpeace: Готвењето на плин значително ги зголемува штетните материи во домот

Новото истражување на Greenpeace во Хрватска и Унгарија открива дека готвењето на плин ја зголемува концентрацијата на NO₂ и бензен во домовите, додека електричните шпорети ја намалуваат изложеноста на овие штетни материи.

Новото истражување на Greenpeace, спроведено во Хрватска и Унгарија, покажува дека готвењето на плин значително ги зголемува нивата на штетни материи во затворен простор, додека преминувањето на електрични шпорети доведува до нагло намалување на концентрациите на азотен диоксид и бензен, беше објавено денес.

Истражувањето, спроведено од Научниот оддел на Greenpeace, потврдува дека плинските шпорети значително ги покачуваат нивата на азотен диоксид (NO₂) и бензен во домовите, додека употребата на електрични шпорети доведува до брзо и изразено намалување на овие штетни загадувачи.

Тестирањето било спроведено во 12 домаќинства — девет во Хрватска и три во Унгарија.

Повисоки концентрации поврзани со согорување на земен плин

Согорувањето на фосилен плин, кој главно се состои од метан, ослободува NO₂, CO₂ и испарливи органски соединенија. Азотниот диоксид го влошува дишењето и може да предизвика напади на астма, особено кај деца и чувствителни групи.

Бензенот, кој Меѓународната агенција за истражување на рак го класифицира како канцероген без безбедно ниво на изложеност, бил откриен во сите домаќинства додека се готвело на плин.

По преминот на електрични шпорети, во три домаќинства бензенот целосно исчезнал, а во останатите бил забележан значителен пад на концентрациите. Најсилни ефекти биле забележани во мали и пренатрупани станови, како и во домови со деца и постари лица, каде загадувачите подолго се задржуваат и достигнуваат повисоки нивоа.

Greenpeace нагласува дека резултатите се однесуваат исклучиво на земниот плин од мрежата, а не на пропан-бутан од боци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни